ПРОЕФЕКТНО ДО ГРАНТОВИ
И ДО ВЕШТИНИ ЗА ПОДОБРИ ЛУЃЕ НА РАБОТА И ДОМА

ПОДДРШКА
во менаџирањето проекти
По изборот на проект финансиран од ЕУ, Проефект Иново може да им помогне на менаџментот и персоналот во проекти и на главните апликанти и нивните партнери. ПроЕфект може да Ви помогне со деталите на преговарање и потпишување на договорот со донаторската програма, поставување на проектната структура и дефинирање на плановите за спроведување, до помош во мониторинг на спроведувањето на проектните активности, примената на админстративно - финансиските правила и процедури, подготвка на финансиски и програмски известувања, правење на средишна и финална оценка на успешноста и затворање на проектот.
Специфично експертите на Проефект ги обезбедуваат следните услуги за да го олеснат спроведувањето на проектите:
-
Дефинирање на условите на грант договорот со грант програмата (вклучува детални проектни активностите, временска рамка и буџет)
-
Подготовка на потребната документација за потпишување на Договорот за грант;
-
Подготовка на детален акциски план за спроведување на проектни активности - месечни, квартални и годишни
-
Развој на план за мониторинг и оценка на проектот
-
Дефинирање на работни задачи и регрутирање на персонал на сите позиции во проектот
-
Постапување по административно-финансиските процедури при спроведувањето на проектот;
-
Поддршка во постапувањето за јавни набавки согласно ПРАГ процедурите (или процедури на другите донатори)
-
Проверка на тендерската документација и/или содржината на тендерските повици за услуги/опрема/изведба на работа, во зависност од случајот;
-
Анализа и постапување за превенција од ризици кои би можеле да го загрозат успешното спроведување на проектот;
-
Олеснување на комуникацијата помеѓу организацијата и другите релевантни субјекти, вклучувајќи го и донаторската програма/договорниот орган;
-
Користење/ Набавка на софтверски аплиакција/и за поддршка во управувањето на проекти
-
Подготовка на програмски и наративни извештаи за напредокот (месечни, квартални, годишни) и финалниот извештај
-
Подддршка во процесирање на плаќањата кон коминтенти, партнерски организации
-
Поддршка во менаџирањето на помали грантови кои ги доделува главниот апликант во рамките на проектот
-
Други активности за превенција на предизвиците во спроведувањето на грант проект
За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 070 355 095 или на е-маил адресата obuki@proefekt.mk