top of page
Logo_proefekt_novoArtboard 2.png

ПРОЕФЕКТНО ДО ГРАНТОВИ

И ДО ВЕШТИНИ ЗА ПОДОБРИ ЛУЃЕ НА РАБОТА И ДОМА

ПОБАРАЈТЕ ИНФОРМАЦИЈА НА
 +389 70 355 095​
info@proefekt.mk

УСЛУГИ НА ПРОЕФЕКТ

Поддршката на ПРОЕФЕКТ  е комбинација на давање на Обука и менторска поддршка. За време на првите 2-3 дена обука, се работи на развој и комплетирање на Проект, Буџет, и тн. Потоа на секој учесник му се овозможени еден-на-еден менторски часови за комплетирање на одбраната задача. Дополнително, ПроЕфект обезбедува консултантски услуги за пишување на предлог проекти   

АУТСОРСИНГ НА АКТИВНОСТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СРЕДСТВА

Со потпишување на едногодишен договор за аутсорсинг една организација/ институција ја „предава“ функцијата за обезбедувањето средства на експертите на ПроЕфект. . На пр. за 75 евра/месечно  ПроЕфект се обврзува целосно да развие неколку проекти во вкупна должина од 45 странци. ПроЕфект ќе подготви План за обезбедување средства и најмалку еднаш месечно ќе испраќа извештај со најновите отворени повици за грантови или за други можности за финансиска поддршка.  

ФИНАСИСКА ОДРЖЛИВОСТ

Ние сме специјализирани за сите видови на финансиска поддршка за непрофитни организации како и за диверзификација на средства за јавни институции, и бизнис ентитети.  Истите во зависност од типот на организацијата се однесуваат на обезбедување средства од грантови, донации од индивидуи и правни субјекти, членарини, спонзорства,  организирање на crowd funding кампањи, реализација на економски активности, договори за услуги со локални и национални институции

КОРПОРАТИВ. ФИЛАНТРОПИЈА И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ПроЕфект обезбедува поддршка за компаниите да ги подобрат своите практики на општествена одговорност како и на корпоративната филантропија за воспоставување на посилни релации со локалната заеднциа. Ние исто така ги поддржуваме локалните граѓ.организации во формирање на соработка со бизнис секторот. 

СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Секоја од обуките или фацилитации на процес за изработка на организациска стратегија, се дизајнирани на начин што до крајот на првичните неколку (3-4)  дена се произведува нацрт стратешки/акциски план или годишна програма. 

ОРГАНИЗАЦИСКИ РАЗВОЈ

ПРОЕФЕКТ обезбедува Вашата организација  и одговорните лидери и менаџери, како и членови на тимот да имаат изведба на оптимално ниво. Најпрво правиме детална организациска проценка, па план за организацски развој или зајакнување во одреден сегмент на работата. Ние обезбедуваме Вашите најважни потреби да бидат соодветно унапредени за успешно работење или во време на трансформации на

организацијата. 

СОЦИЈАЛНИ БИЗНИС ПЛАНОВИ

Со цел да се биде успешен во работата како социјално претпријатие, менаџерите и персоналот имаат потреба да ги користат претприемнички вештини и ресурси за да се постигнат специфични општествени цели. Развојот на Социјален Бизнис План , секогаш му помага на бизнисот да се позиционира и да остварува добивка со што ја помога општествената  кауза, 

   

РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСКИ И МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ

ПроЕфект користи еден од најдобрите алатки за самооценка на лидерските вештини  (за над 70 аспекти) , и базирајќи на резултатите развивзат индивидуално искуство за учење за развој на лидерсски вештини. Ние усто така го обезбедуваме секој раководител со 12 најпотребни вештини за реалиазција на извршните функции, како и со вештини за проектено менацирање и надзор на буџетот    

ТРЕНЕРСКИ И ФАЦИЛИТАТОРСКИ ВЕШТИНИ

Учењето и практицирањето на презентациски вештини како и користењето на 40 најкорситени методи за обуки во дизајнирањето и испораката на обуки ја прави оваа услуга најбарана од нашите клиенти.  Дополнително, унапредувањетом на вештини за фацилитиација и преставувањето на неколку клучни фацилитаторски методологии ја прави оваа понуда како една од најдобрите во листата на услуги. ПроЕфект има посебен модул за развој на вештини за Развој на креативноста и  иновации со голем број на алатки и методи.  

ПОДДРШКА ВО МЕНАЏМЕНТОТ  

НА ГРАНТ ПРОГРАМИ 

Имајќи го превид скоро 20 годишното искуство на работа и менаџирање на програми за грант поддршка на донаторската заедница(USAID, SDC, EU, локалните грант програми, итн.)  на персонлот на ПроЕфект има развена сеопфатна програма и услуги за поддршка на програми за регрантирање како и на лоалните фондации вклучувајќи менаџирање на програми за грант поддршка, нивен мониторинг и оценка.

ГРАДЕЊЕ НА ТИМОТ И ЕФЕКТИВНИ КОМУНИКАЦИИ

Двајца експерти на ПроЕфект обезбедуваат најдобри ретрити и работилници за градењ на тимот органирани внатре или надвор. Над 50 вежи за јакнење на комуникациските вештини и тимската динамика, анкети и прашалници кои има помагаат на учесниците да се осознаат подобро себе си, и нивните колеги.

     

ИЗНАЈМУВАЊЕ ПРОСТОР ЗА ОБУКИ И СРЕДБИ

ПроЕфект изнајмува комплетно опремен простор во центарот на Скопје( за обуки, работилници и средби – една сала до 20 лица  (или 30 лица за столици наредени во кино стил) и друга просторија до 7 лица). Двете простории се опремени со ЛЦД екран и проектор, Флип чарт табли, фотокопир, камера, мала кујна, итн.   

bottom of page