top of page
Logo_proefekt_novoArtboard 2.png

ПРОЕФЕКТНО ДО ГРАНТОВИ

И ДО ВЕШТИНИ ЗА ПОДОБРИ ЛУЃЕ НА РАБОТА И ДОМА

ПОБАРАЈТЕ ИНФОРМАЦИЈА НА
 +389 70 355 095​
info@proefekt.mk

ВРЕДНОСТИ И ПРИСТАП

ПРОЕФЕКТ  консултантска организација, која првенствено е фокусирана кон обезбедување на конкретни резултати во организациите. И тоа го остваруваме преку обука, експеретска помош, фацилитирање, менторство, коучинг или аутсорсинг на активности за обезбедување на средства. Сакаме да бидеме доживеани на пазарот како организација која ги завршува работите брзо и која е посебно ефективна во доаѓањето до одлични резултати кои се одржливи. 

Нашиот слоган “одржливост на (не)профитните организации и институции“ игра важна улога во ПРЕФЕКТ ИНОВО, бидејќи секогаш наоѓаме иноватини решенија кои допринесуваат за одржливоста на нашите клиенти  

Секојдневно сме водени од следните клучни вредности:

  • Фокусираност кон постигнување конкретни резултати од секоја наша активност и услуга дадена на клиентите;

  • Одговорност во реализацијата на нашите договорени обврски и претворање на зборовите во дела;

  • Професионализам  во обезбедувањето услуги на ниво на декларираните стандарди, па дури и на повисоко ниво;

  • Партнерствo со другите чинители во општеството;

  • Иновативност и креативни решенија во секој продукт кој го овозможуваме на нашите клиенти;

  • Интегрирани и одржливи решенија, кои овозможуваат резултатите од работата да ги адресираат сите важни фактори кои влијаат и истите да траат;    

  • Општествена одговорност кон поединци и групи од локалната заедница кои се дискриминирани, кои немаат доволно ресурси за функционирање и/или кои имаат потреба од помош и поддршка.

 

bottom of page