ПРОЕФЕКТНО ДО ГРАНТОВИ
И ДО ВЕШТИНИ ЗА ПОДОБРИ ЛУЃЕ НА РАБОТА И ДОМА
По седумте (7) организирани грант академии (ГА) од 18 февруари 2021 до сега, август 2022, и над 70 учесници кои ја завршија, може да се заклучи дека истата е една од најефективните програми за подигнување на вештините за планирање и пишување на проекти за грант.
Учесници се професионалци вработени во фирми, општини, министерства, државни агенции, факултети, училишта и здруженија, но и студенти. Имавме и 5 учесници од други држави (Австралија, САД, Германија и Косово). Она што не радува е што 74% од развиените проекти во рамките на ГА, имаат потпишано договор за финанцирање.
Новата (есенска) грант академија ќе се реализра со нов концепт:
- Секој учесник се води согласно принципот „Активно го подготвувам проектот за грант низ учење, редовно учество, сопствена работа и менторска поддршка во текот на целиот период на Грант академијата“;
- Со секој учесник/ тим се потпишува индивидуален/ тимски договор за развој на предлог проект за грант со кој се гарантира дека за 2 + 1 месеци ќе се развие целосна апликација;
- Новини во работата на оваа грант акадмеија: 10 часа повеќе (вк. 65 часа работа) и тоа 19 работилници од по 3 часа и 7.5 часа менторска работа.
Уверете се во квалитетот на предвидената програма, и добијте го потребното знаење и пракса за пишување предлог проект за грант.
За да добиете дури 30% попуст за рано пријавуавање пријавете се веднаш овде: https://tinyurl.com/esenska-grant-akademija-2022
До сега секоја ГА е водена од Зоран Стојковски, со над 26 години искуство во работа во различни грант програми и други колеги од Проефект Иново. Еве кои се досегашните постигнувања со изјави на дел на учесниците до сега:
ПРВАТА (ЗИМСКА) ГРАНТ АКАДЕМИЈА
Во периодот од 18 февруари до 22 април 2021, се реализираше 9 недели долгата Грант Академија за пoдоготвка и пишување предлог проекти за грантови, која ја водеше Зоран Стојковски од Проефект Иново. 14 учесници поминаа вкупно 18 сесии + 4 индивидуални менторски часови, и направија и испратија 10 комплетирани предлог прoекти (5 за ФИТР, 3 за ИПА II и уште 2 за други грант повици).
Ова се дел на изјавите на учесниците во првата грант акдемија:
Беа доделени сертификати за 12 учесници од бизнис секторот, граѓанските организации и јавниот сектор (здравство и образование).
Учесниците на грант академијата се поддржани во целиот период во развојот на цел предлог проект, преку 2 часовните сесии организрани два пати во една седмица. Покрај нив 1-на-1 менторските сесии се добива директна помош во подобрување на текстот, структурата или буџетот на предлог проектот.
Периодот од 9 седмици е доволен за да се комплетира цел предлог проект. Учесниците добиваат предлог проект со кој може да добијат грант во вредност од 5000 евра па се до неколку стотици илјада евра.
Ова се дел на изјавите на учесниците во првата грант акдемија:
"Ретко професионално организирана обука, невидена посветеност на обучувачот, бесконечно трпение за дискусија и објаснување, мотивација и поддршка во секоја фаза од работата. НАЈТОПЛО ЈА ПРЕПОРАЧУВАМ ГРАНТ АКАДЕМИЈАТА"
Аспасија Хаџишче, поранешен советник во Секторот за ЕУ во МОН
„Со добар ментор, секој проект е возможен“
Андријана Николовски, Еуромобилност
„Обуката ми беше многу позитивно искуство, откривање еден нов свет на можности“
Сребра Ѓорѓијевска, новинар
„Ако сакате да стекнете вештини, нови знаења, способност и практично искуство за изработка на комплетен предлог проект за грант, ПРОЕФЕКТ ИНОВО е вистинско место за Вас!!!“
Ирена Крајческа, ЈЗУ Македонски Брод
„Академијата ми овозможи да се запознаам со начинот на подготвка на проекти кои може да се искористат и без да се добие ГРАНТ (ќе си најдеме начин за финансирње). Важноста на наративниот дел во пишувањето е најголемиот + за мене. Во секој случај ова го сметам како најдобра ИНВЕСТИЦИЈА во личната едукација.“
Димитар Ников, Интер-Еврогенекс ДОО
ВТОРАТА (ПРОЛЕТНА) ГРАНТ АКАДЕМИЈА
Во периодот од 25 март до 25 мај 2021 година, заврши 9-неделната Пролетна грант академија за подготовка и пишување на предлог-проекти за грантови, предводена од Зоран Стојковски од „Проефект Иново“. 9 учесници беа на вкупно 18 двочасовни сесии + 5 индивидуални часови за менторство еден на еден и направија и доставија 10 завршени предлог-проекти (5 за Фондот за иновации, 3 за ИПА II и уште 2 за други повици за грант). Доделени се сертификати на 9 учесници од деловниот сектор, граѓанските организации и јавниот сектор (образование)
Ова се некои од изјавите дадени од учесниците во Академијата за пролетен грант:
„Знаењето стекнато преку оваа академија е немерливо бидејќи е презентирано од искусен предавач чие знаење за оваа тема е огромно. Трансферот на неговото долгогодишно искуство во подготовка на проекти и апликации преку овој концепт придонесува за евидентно стекнување на потребните вештини да ги реализира неговите замислени планови и проекти. Дефинитивно им препорачувам на секој поединец или компанија што ги нема потребните финансии да ги реализира замислените планови и проекти бидејќи сигурен сум дека тука, во оваа академија ќе го најдете она што ви треба. "
Петре Глигоров, секретар на ООУ, Василево, Струмица МК
„Прекрасно искуство, дефинитивно им го препорачувам на сите!
Елена Арсоска, локални граѓански организации од Кичево, МК
За мене, највредните делови од Грант академијата беа упатствата за пишување на целосна апликација за предлог проект и примери од претходно завршени апликации за грант.
Деа Дикапа, Планет М, МК
ТРЕТАТА (ЛЕТНА) ГРАНТ АКАДЕМИЈА
Летната грант академија се реализираше во периодот од 30 Јуни - 31 јули 2021 година на англиски јазик. Таа беше првата интензивна академија (со 3 сесии неделно, Пон-Сре-Чет), со проширен опсег на теми и часови (вкупно 55 часа), и со пократка должина (4 седмици). Сесиите се рализирааа во термините 18:30-21:30 ч по договор со учесниците. Учесници беа преставници на медиуми, здруженија, академски институции и една меѓународна организација активна во Мк.
Четвртата грант академија се реализира во периодот од 8 ноември - 16 декември 2021 година. Есенската верзија на грант Академијата е поинтензивна од претхпдните (со 3 сесии неделно, Пон-Сре-Чет), со проширен опсег на теми и часови (вкупно 55 часа), и со пократка должина (иако планирани 4,5 седмици, завршуваме со 6 седмици програма). Сесиите беа во термините 18:00-21:00 ч по договор со учеснците. Истата се води на македонски јазик (после летната која одеше на англиски јазик). Учесници беа преставници на 4 компании, две здруженија и еден експерт во својата област.
ЧЕТВРТАТА (ЕСЕНСКА) ГРАНТ АКАДЕМИЈА
Петата (зимска) грант академија беше реализирана во периодот од 17 јануари - 17 март2022 година. Иако почнавме со 3 сесии неделно (Пон-Сре-Чет), решивме да го успориме темпото и да одиме со 2 сесии (пон -чет), така што наместо 5.5 седмици заврпивме со 8 седмици на крајот.