top of page
Logo_proefekt_novoArtboard 2.png

ПРОЕФЕКТНО ДО ГРАНТОВИ

И ДО ВЕШТИНИ ЗА ПОДОБРИ ЛУЃЕ НА РАБОТА И ДОМА

ПОБАРАЈТЕ ИНФОРМАЦИЈА НА
 +389 70 355 095​
info@proefekt.mk
Untitled design - 2024-04-24T111015.760.png

1. Обуки за подготовка и менаџирање на предлог проекти за грант поддршка

Вклучуваат неколку Обуки од секоја фаза на проектниот циклус

Обуките се дизајнирани на тој начин што за време на првите 2-3 дена обука, се работи на развој и комплетирање на Проект, План за спроведување, План за мониторинг & евалуација, Буџет, или сл.)). Потоа на секој учесник му се овозможени еден-на-еден менторски 4 часови за комплетирање на одбраната задача. Следните десет Обуки се дел на оваа тема 

1. Проектно планирање за предлог проекти за грант поддршка  (2 дена)
2. Подготовка на ERASMUS+ проекти (2 дена)
3. Подготовка на Horizon Europe (сите инструменти) предлог проекти (3 дена)
4. Напредна обука за пишување апликација за предлог проект (3+2 дена)
5. Раководење и спроведување на проект (2 дена)
6. Мониторинг, известување и оценка на проекти (2 дена)
7. Буџетирање, финансиско планирање и менаџирање (2 дена)
8. Административно - финансиски процедури на донаторски програми (ПРАГ, и сл.) (1 ден)
9. Раководење на проекти базирано на резултати (3 дена)

10. Спроведување на проекти од грант поддршка (3 дена) 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

1-а. Грант Академија - 7-10 седмици online програма за развој на вештини за подготвка на проедлог проект за грант

Шеснаесетата (16) Грант Академија, во своето летно издание, започнува од 28 мај 2024, а  завршува на 9 јули (забрзана варијната, со по 3 работилници во седмицата). Во тој период три пати неделно во вторник, среда  и петок (а по 3 јуни 2024 (по завршувањето на пролетната грант академија), по избор на учесниците (најверојатно понеделник, среда и четврток) во забрзаната варијанта), во вечерен термин (18:00-21:00 ч.). Планирано е да се организираат 20 работилници (секоја од по 3 часа) кои се дел на грант академијата. На овој начин ќе бидете дел на вкупно 70 часови програма (во кои се вклучени и 5-7 индивидуални/ тимски менторски сесии од по 1-1.5 часа), доволни за да развиете целосен предлог проект за грант со буџетот и сите барани додатоци.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2. Стратешко планирање и менаџмент

Станува збор за фацилитиација на процеси за изработка на долгорочна организациска или секторска страгеија

Секоја од фацилитациите на процес се дизајнирани на начин што до крајот на првичните 2-3 дена се произведу-ва нацрт Стратешки/Акциски план или Годишна програма. Потоа се продолжува со индивидуално менторирање или преку работилници се финализира зададениот стратешки план или годишна програма.  

1.  Подготовка на стратешки план (3 x 2 дена)
2.  План за раководење со промени (2 дена)
3.  Подготовка на годишна програма и буџет (3 дена)
4.  Мониторинг и оценка на годишна програма / стратешки план (2 дена)
5.  Изработка на стратегија во определена област (од обемот на работа)

 

 

3. Подобрување на организациската одржливост и обезбедување средства

Оваа група на Обуки овозможува да имате стартешки пристап во обезбедувањето локални средства

Во рамките на секоја од овие обуки се работи на единствените потреби и спе-цифичности  на една оргагаизација, и поради тоа учесниците е пожелно да обезбедат реални информации (буџети, планови за обезбедување средства и сл.). Во дел на обуките се организираат реални настани за прибирање средс-тва, а во други учесниците се ставени во ситауција реално да бараат средства како донација.  

1.Планирање и реализација на годишен план за финансирање на непрофитни организации (2 x 2 дена)
2.Програмска, институционална и финансиска одржливост на непрофитни организации (3 + 1 ден)
3. Одржување на релации со донаторите  (2 денa)
4. Барање и обезбедување  донации од поединци и компании (2 денa)
5. Примена на законот за донации и спонзорства (1 ден)
6. Организирање на специјални настани за обезбедување локални средства (3 денa)
7. Зголемување и активирање на членството  (2 дена)

 

4. Ефективна корпоративна филантропија и општествена одговорност на претпријатијата

Единствена понуда за креирање на интегриран пристап за реалции со заедницата каде што работи едно претпријатиие

Понудените обуки содржат проверени методологии за оценка на потребите на засегнатите страни (вработените, добавувачите, заедницата) и согласно мисијата на самите претпријатија се дефинираат приоритети и активности во оваа област, земја-ќи ги предвид глобално прифатените стандарди за ООП и регионалното опкружува-ње. Овие обуки вклучуваат и вештини за воспоставување партнерства со локалната заедница и локални здруженија, како и волонтирање на вработените.  

1. Стратегија за ефективна корпоративна филантропија (2 + 1 дена)
2. План за општествена одговорност на претпријатијата (2 + 1 дена)
3. Корпоративно волонтирање (2 дена)
4. Партнерства на бизнисот со граѓански организации и заедницата (застапување, маркетинг со кауза, спонзорства, донации, итн.) (2 дена)

 

 

5. Поддршка на работата на социјални претпријатија

Поддршката на сите форми на социјални претпријатија за полесно доаѓање до средства и зголемување на ефектите од работата

Понудените обуки содржат проверени методологии за оценка на потребите на засегнатите страни (вработените

Модулите во оваа категорија содржат најнови и најрелаантни информации кои ќе помогнат на секоја група која сака да формира социјално претпријатие (СП). Доколку сте здружение, фондација, друштво или задруга кои саакте да се трансформирате во СП или да почнете да преевземате активности на СП, овие обуки се токму за Вас! 

1. Основи на социјално претприемништво и социјални иновации (2 + 2 дена)
2. Креирање социјален бизнис план (2 + 2 дена)
3. Оценка и одредување на влијанието на социјални претпријатија (социјална ревзија) (2 дена)
4. Продажба на услуги од непрофитни организации (2 дена)
5. Трансформација на правен субјект во  социјално претпријатие (2 дена)

6. Вештини за водење средби, обука, фацилитирање и консултантство

Тајните на занаетот за давање обуки, водење средби и консултантство

Една од најсилните страни на ПРОЕФЕКТ се токму обуките за пренесување на тајните на занаетот, во делот на водењето на средби, фацилитирањето на настани и процеси, како и испораката на обуки. Како дополнение оваа категорија на обуки се осврнува и на совладувањето на алатките за давање  консултански услуги.     

1. Презентациски вештини  (2 дена)
2. 40 најупотребувани методи за обука  (3 дена)
3. 7 најважни алатки за консултанти (2 дена)
4. Вештини за фацилитирање (2 дена)
5. Менторирање и водење (2 дена)
6. Методи за водење и фацилитирање на големи средби и конференции (2 дена)

 

 

 

 

7. Ефикасни комуникации и работа во тим

Развој на личните вештините и организациските канали на комуникација се предуслов за ефекисна и ефективна работа на задоволни членови на еден ентитет

80% од предизвиците во секоја организација отпаѓа на проблемите во  комуникациите помеѓу персоналот. Секој раководител и секој вработен мора да негува ефективни комуникации за да се реализира работата на задоволство на сите

1. Работа во тим  (2 дена)
2. Справување и решавање на конфликти во тимот  (2 дена)
3. Справување со игри на моќ  (2 дена)
4. Невербалана комуникаицја  (2 дена)

8. Развој на иновации и креативност

Понуда на низа методи и алатки кои го поттикнуваат креативното решавање на проблеми и предизвици во работната средина

Развојот на креативноста и иновативните решенија во рашавањата на организациските проблеми може да донесе предност пред конкуренцијата, да го подобри начинот на работа и да овозможи подобра атмосфера за работа во една организација во владиниот, бизнис или граѓанскиот сектор. ПРОЕФЕКТ ви нуди проверени методологии и пристапи за доаѓање на решенија 

1.  Методи  и пристапи за креативнo решавање проблеми (2 дена)
2. Критичко размислување и иновативност (2 дена) 
3. Развој на социјална иновативност (2 дена) 
4.техники на акционо разислување и истражување (2 дена) 
5. Наоѓање оптимални решенија преку  методологиите open space technology и  future thinking  (2 дена)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

9. Лидерски и менаџмент вештини

Практични вештини за развој на лидерските и раководни вештини на сите нивоа на хиеарархија во работна средина

Овие модули се наменети за развој вештини за самопрепознавање на  силните и слабите страни на еден лидер, како и конкретни начини за развој на специфичните лидерски и раководни вештини на раководителите од средно и највисоко ниво. Во секој од модулите, покрај интерактивните пристапи, за секој учесник се обезбедени серија менторски сесии за проверка на прогресот и поддршка во соочување со отпорите при реалиазција на поставените цели за напредок во работата.    

1. Оценка и развој на клучните вештини за ефективно лидерство  (2 дена обука + 8 часа менторска поддршка) 
2. Најважните менаџмент вештини на еден извршен раководител  (2 х 2 дена)
3. Вештини за партиципативно раководење на тимови (2  дена)
4. Најважни вештини за раководење со проекти  и буџети ( 2 дена)
5. Раководење со промени , транзиции и кризни ситуации  ( 2 дена)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

10. Вештини за преговори и продажба

Најважниот сет на вештини потребна во животот во приватно и работно опкружување

Можеби најважниот сет на вештини во работата и во животот се токму вештините на ефективно преговарање и умеењето преку продажба да се реализира работата. Токму поради тоа докажани експерти во областа на продажбата на Балканот ќе овозможат практично совладување на овие вештини за Вашата  компанија и организација    

1. Вештини на преговарање (2 дена)
2. Ефикасна и ефективна продажба (2 дена)
3. Односи со клиенти  (2 дена)

11. Ефективни партнерства, соработки, застапување и лобирање

Најдобриот пристап за застапување за решавање на проблеми на локално и централно ниво

Умеењето да се направи партнерство за да се застапува за дадена кауза е секогаш многу важно за работата на граѓанските организации. Првата кампања за собирање 10.000 потписи кај нас за промена на закон, беше испланирана на обуки за застапување испорачана од нашиот експерт . Ви гарантираме дека ќе имате со што да се гордеете после овие обуки   

1. Кампањи за застапување и лобирање (2 дена)
2. Формирање и одржување на ефективни  партнерства и соработки (2 дена)
3. Работа во коалиции и мрежи (2 дена) 
4.механизми за активно учество на граѓаните во креирањето на јавна политика(2 дена)

12. Ефективна работа на фондации и грант програми

Доделувањето на неповратни фиансиски средства (грантови) од А до Ш 

Во Македонија се повеќе се зголемува бројот на организации кои доделуваат грантови (како дел на обврските во договорите со донаторите), како и улогата на различните типови на фондации  (корпоративни,фамилијарни, приватни, фондации во заедница, фондации кои даваат грантови, итн).  ПРОЕФЕКТ сака да даде стратешка поддршка на овие субјекти кои доделуваат грантови. 

1. Управување и раководење со фондации   (2 дена)
2. Раководење со грант програми  (2 дена)
3. Мониторинг и оценка на грантови   (2 дена)
4. Стратегија за работа на фондација  (2 дена)
5. Годишна кампања за обезбедување донации  за креирање фондови (2 дена)

13. Развој на меки вештини - прв сет од 15 обуки

Клучни бизнис вештини - Комуникациски вештини - Решавање конфликти - Синхронизација на тимови - -

ПроЕфект се фокусира на програми обуки за развој на меките вештини на персоналот како и развој на квалитетот на арелациите во било која организација, за да се има успех во одржувањето стабилност на пазарната позиција. Поради овие причини, секој одговорен работодавач треба да го поттикнува развојот на професионалните и личните вештини на своите вработени.

Овој сет на вештини ги содржи следниве работилници/обуки:

  1. Развој на лични капацитети за подобри бизнис вештини (1 ден)

  2. Напредни комуникациски вештини (1 ден)

  3. Развој на лични капацитети за решавање на конфликти (1 ден)

  4. Био синхронизација на тимови (1 ден)

  5. Управување со стресот на работно место (1 ден)

  6. “Calm down – slow down ” стратегии за баланс во работата и животот ( 1 ден)

  7. Воспоставување квалитетни релации со клиенти и партнери (2 дена)

  8. Слушање и невербална комуникација  (1 ден)

  9. Критичко размислување и иновативност (1 ден) 

  10. Методи и пристапи за креативнo решавање проблеми (1 ден)

  11. Ефективно управување со времето (1 ден)

  12. Вештини за преговарање (2 дена)

  13. Вештини за фацилитирање (2 дена)

  14. Презентациски вештини  (2 дена)

  15. Кариерен раст и развој

 

Сметаме дека со овие 15 работилници и обуки Вашата фирма ќе успее да ги развие потребните вештини на своите вработени во нивното професионално насочување и работата. Преку оваа лепеза на понудени активности на едукација, вежби и задачи, симулации, алатки за само-оценка, игри за решавање на предизвик, ќе води кон подобрување на индивидулалните и организациските перформанси, унапредување на организациската култура и синегрија, како и подобра одржливост на компанијата.​

 

 

 

 

 

 

14. Развој на меки вештини - втор сет од 15 обуки

Управување со времето - Фацилитаторски вештини - Работа за различности -Грижа за подредените- Одговорност во работата

ПроЕфект се фокусира на програми обуки за развој на меките вештини на персоналот како и развој на квалитетот на релациите во било која организација, за да се има успех во одржувањето стабилност на пазарната позиција. Поради овие причини, секој одговорен работодавец треба да ги поттикнува професионалните и личните вештини на своите вработени.

Овој сет на вештини ги содржи следниве работилници/обуки:

  1. Ефективно носење одлуки (1 ден)

  2. Работа со различности и мултикултурализам (1 ден)

  3. Комуникација во тим (2 дена)

  4. Вештини на продажба (2 дена)

  5. Грижа и развој на подредените (1 ден)

  6. Welness Approach- пристап на постигнување благосостојба (2 дена)

  7. Медитација на работното место (1 ден)

  8. Емоционална интелегенција (1 ден)

  9. Откривање на Лидерот во нас - моќта на личната трансформација во животот и кариерата (1 ден)

  10. Менаџмент Вештини (2 дена)

  11. МУДРО одредување на цели (1 ден)

  12. Менаџирање на ризици (1 ден)

  13. Справување со игри на моќ на работно место (1 ден)

  14. Обезбедување одговорност, квалитет и квантитет во работата  (1 ден)

  15. Работа во мрежи (1 ден)

​​

Сметаме дека со овие 105работилници и обуки Вашиот правен субјект ќе успее да ги развие потребните вештини на своите вработени во нивното професионално насочување и работата. Преку оваа лепеза на понудени активности на едукација, вежби и задачи, симулации, алатки за само-оценка, игри за решавање на предизвик, ќе води кон подобрување на индивидуалните и организациските перформанси, унапредување на организациската култура и синегрија, како и подобра одржливост на компанијата.

3.png
Грант академија.png
Грант академија (1).png
Грант академија (2).png
Грант академија (4).png
Грант академија (5).png
Грант академија (7).png
Грант академија (8).png
Грант академија (9).png
Грант академија (10).png
Грант академија (11).png
Грант академија (12).png
obuki na proefekt - sliki.png
obuki na proefekt - sliki (2).png
bottom of page