top of page
Logo_proefekt_novoArtboard 2.png

ПРОЕФЕКТНО ДО ГРАНТОВИ

И ДО ВЕШТИНИ ЗА ПОДОБРИ ЛУЃЕ НА РАБОТА И ДОМА

ПОБАРАЈТЕ ИНФОРМАЦИЈА НА
 +389 70 355 095​
info@proefekt.mk

КОИ СМЕ НИЕ?

За основачот

Зоран Стојковски има над 20 годишно искуство на како менаџмент консултант и со работа во меѓународни и домашни развојни и ре-грантинг организации и програми поддржани од УСАИД, ЕУ, СДЦ, мултилатерални и билатерални донатори, со силно искуство во областа на социјалното претприемништво, општествената одговорност и филантропијата, развојот на граѓанското општество, развојот на локалните заедниците како и во областа на организацискиот развој и одржливост, проектниот и стратешкиот менаџмент, обезбедувањето средства од локални извори и менаџирање на грант програми.

Тој е основач и извршен раководител на ПРОЕФЕКТ Иново, консултантска организација формирана во 2015 година .

Во својата кариера, Зоран работеше 7 годни во Програмата на УСАИД за развој на граѓанско општество (ПДС Македонија) на различни позиции, (Соработник на програма, Кооридантор на грант програма, Раководител на Програма. Од 2004 до 2014 беше Извршен Директор на  локална посредничка организција, менаџирајќи годишни буџети од 1 до 1.8. милиони евра и супервизирајќи тим од скоро 20 вработени со полно работно време со различна етничка и религиска позадина.

Во овој период Стојковски реализираше голем број на обуки, консултантски задачи како и фацилитирање на организациски процеси, како и реализација на истражувања, оценки на програми, како и проценки на организациски капацитет и анализи на пазарот за потребите на над 300 организации, институции и компании во Македонија и ЈИЕ.

Кога станува збор за обуките кои ги има држено досега , ова се најзначајните „Стратешко Планирање“, „Раководење со проектен циклус“, „Програмско следење и оценка“, „Раководење со човечки ресурси „ , „Градење на тим и интерперсонални комуникции“ , „Бизнис планирање“, итн.

Тој поседува постдипломски сертификат за развој на донаторски практики од Лондон Метрополитен Универзитетот од Обединетото кралство. Во овој период тој ги финализира вторите магистерски студио во областа на Управување со човечките ресурси (очекувано да бидат комплетирани во дек 2016) на државниот универзитет во Скопје.

 

ЕКСПЕРТИ

Нашиот тим на тренери и консултанти е составен од експерти со над 15 години искуство на работа во меѓународни организации и програми. Ние исто така  ангажираме млади, мотивирани и про-активни луѓе во нашата канцеларија кои се заинтересирани за стекнување со знаење и искуство о обезбедувањето услуги на нашите клиенти

ПРЕОЕФЕКТ во моментот работи со тим од 4 надворешни консултанти кои ги покриваат јавните и скроените обуки, како и ростер  од над 20 експерти кои се ангажираат по потреба за реализирање на консултантски задачи и проекти во различни области .

bottom of page