ПОБАРАЈТЕ ИНФОРМАЦИЈА НА
 +389 70 355 095​
info@proefekt.mk
Business consulting logo

ПРОЕФЕКТНО ДО ГРАНТОВИ

И ДО ВЕШТИНИ ЗА ПОДОБРИ ЛУЃЕ НА РАБОТА И ДОМА

Се ближат датумите на објава на посакуваните грант програми на ЕУ. Се воспоставува новата инфраструктура која ќе управува со овие фондови. Европската комисија со Одлука од 12 февруари 2021 година воспостави шест извршни агенции кои ќе помогнат во спроведувањето на програмите на Европската унија во повеќегодишната финансиска рамка (MFF) од 2021-2027 година.

Комисијата одлучи да ги прилагоди 5 постојни извршни агенции и да создаде една нова - Европската агенција за здравство и дигитализација за новата генерација на програми на ЕУ. Портфолиото на некои агенции е значително прилагодено, како што е случајот со Извршна агенција за клима, инфраструктура и животна средина (поранешна INEA) во согласност со постигнувањето на целите на Зелениот договор на ЕУ.

Следните пет агенции ќе започнат со функционирање од 1 април 2021 година до 31 декември 2028 година:

1. Европската извршна агенција за клима, инфраструктура и животна средина, (CINEA)): ќе го следи кластерот 5 за столбот II на HEU (клима, енергија и мобилност) и програмата LIFE.

2. Извршна агенција за истражување на Европската унија (ЕRЕА, поранешна RЕА): ќе ги следи Марија Кири акциите (Хоризонт Европа - столб I) и истражувачки инфраструктури, кластер 2 на столбот II (култура, креативност и инклузивно општество), кластер 3 (граѓанска безбедност за општеството) и кластерот 6 (храна, биоекономија, природни ресурси, земјоделство и животна средина) и хоризонтални програми (реформа и унапредување на европскиот систем за истражување и развој и ширење на извонредност и проширување на учеството).

3. Европски совет за иновации и Извршна агенција за мали и средни претпријатија (поранешен EASME): ќе се надоврзат на столбот III na Хоризонт Европа - Европски совет за иновации (EIC) и Европски екосистеми за иновации

4. Извршна агенција за европско образование и култура (поранешна EACEA): ќе ги следи Креативна Европа и Еразмус+

5. Извршна агенција на Европски совет за истражување (ERCEA): ќе се надоврзе на столбот Хоризонт Европа - столб I - Европски совет за истражување (ERC).

 

Новата (шеста) европска извршна агенција за здравство и дигитализација е основана од 16 февруари 2021 година до 31 декември 2028 година. Меѓудругите, ќе ги следи, столб II на Horizon EU - кластер 1 (здравје) и кластерот 4 (дигитални, индустриски и вселенски истражувања) , програмата EU4Health, програмата Дигитална Европа и Инструментот за поврзување на Европа (CEF). DG САНТЕ е водечки агенција на оваа нова агенција заедно со DG CNECT, DEFIS, GROW and RTD на оваа нова агенција. Вкупниот буџет управуван од Европската здравствена и дигитална извршна агенција ќе изнесува над 20 милијарди евра за 7 години од МФФ 2021-2027 година.

Повеќе за одлуката кликнете овде 

На сликата доле можат да се видат сите грант програми:

png-1.png