Business consulting logo

ПРОЕФЕКТНО ДО ГРАНТОВИ

И ДО ВЕШТИНИ ЗА ПОДОБРИ ЛУЃЕ НА РАБОТА И ДОМА

ПОБАРАЈТЕ ИНФОРМАЦИЈА НА
 +389 70 355 095​
info@proefekt.mk
ПРОЕКТОРАТ
- најголемиот сервис за објава на конкурси за грантови на донаторски програми 

ПРОЕКТОРАТ  како сервис за полесен пристап до грантови започна со објавување во септември 2017 . Станува збор за отворен сервис во Македонија, кој е меѓу ретките во регионот и кој е бесплатен.  Во ПРОЕКТОРАТ на почеток на секој месец се  претставуваат активните конкурси за грантови со аплицирање на предлог проекти од различни донаторски програми на ЕУ (IPA II/III, Erasmus+, Creative Europe, Erasmus+, Europe for Citizens, Horizon 2020 , итн), програмите на агенциите за меѓународен развој (УСАИД, SIDA, SDC , итн), амбасадите и другите странски и домашни грант програми (ФИТР, CIVICA Mobiliats, ФООМ, итн.)  

Роденденското триесет и шесто издание на ПРОЕКТОРАТ за месец Октомври 2020, го објавуваме токму на датумот кога пред три години (2017) започнавме со овој сервис за полесен пристап до грантови . Изградивме комплетно отворен сервис во Македонија, кој е меѓу ретките во регионот кој е бесплатен, а ПРОЕКТОРАТ ќе остане отворен сервис за сите, каде што ќе претставуваме активни конкурси за грантови со аплицирање на предлог проекти од различни донаторски програми . Во листата за октомври 2020објавуваме 49 конкурси, додека во ексклузивното издание на грант повици за Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ Horizon 2020 презентираме 35 повици за грантови во поделени во 6 области со крајни рокови до јануари 2021 година. Види ТУКА

СПЕЦИЈАЛЕН ФОКУС на НОВ КОНКУРС за ГРАНТОВИ

ЕУ за општини. Подобрување на услугите н

ЕУ ИПА 2 објави конкурс за грант поддршка на општините „ЕУ за општини. Подобрување на услугите на локалната самоуправа преку иновативни концепти“ со рок до 30/12/2020.

Буџетите за еден  грант мора да бидат меѓу 300 000 евра и 800 000 евра, и да се побара 60-85% од Еу а другиот дел да биде на општината.

Општата цел на овој повик за проекти е:

Да се ​​зајакнат капацитетите на локалната самоуправа со цел да се справи со целиот спектар на локални надлежности.

Специфичните цели на овој повик за проекти се:

• Поддршка на имплементација на иновативни решенија за локални проблеми;

• Да се ​​подобри вклученоста на граѓаните, организациите на граѓанското општество и деловните субјекти во решавањето проблеми;

• Копирање и прилагодување на решенијата за најдобра практика од локалните власти во земјите-членки на ЕУ или други пилот-општини од Северна Македонија.

За повеќе информации прочитајте на https://tinyurl.com/eu-4-municipalities

© 2018 by ​Proefekt Inovo.  Proudly created with Wix.com